Македонскиот поет и академик Анте Поповски доби спомен-соба во Домот на културата во Ѓорче Петров. Посетителите можат да ги погледнат неговите лични предмети, дела, диктафон и омилените пури.
– Отворањето на спомен-собата е со цел да се оддаде почит на ликот и делото на Поповски, кој со своето творештво остави белег во македонската национална култура. Како единствен член на Светската академија за поезија на УНЕСКО од Македонија својата долгогодишна работа ја посвети на творештвото и пишувањето поезија, есеи и антологии, информира општина Ѓорче Петров.
Иницијативата за отворање Спомен-соба е на семејството на покојниот Анте Поповски и на градоначалникот Сокол Митровски.