Списанието „Современост“ одбележува 70 години од постоењето

Од:

Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ вечер во Големиот салон на Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје ќе ја одбележи 70-годишнината од своето постоење.

Јубилејот на списанието „Современост“ годинава се поклопува со 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, кој и самиот во суштинска мера придонел за егзистенцијата и развојот на ова списание, а кому годинава му е посветен и тематски број.

На настанот ќе се промовираат скорешни изданија на списанието за кои ќе зборува главниот и одговорен уредник, современиот македонски писател Стефан Марковски. Дел од редакцискиот тим на „Современост“ се и Снежана Стојчевска, извршна уредничка и уредниците Мишо Китаноски, Верица Мукоска и Никола Алтиев.

Воедно ќе биде врачена наградата „Современост“ на Славчо Ковилоски, книжевен историчар и научен истражувач во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а ќе бидат доделени и благодарници на сите оние кои внесоа дел од својата книжевна работа во списанието и се верни поддржувачи и читатели на македонските книжевни списанија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска