Писателот Христо Петрески е добитник на наградата „Современост“ што ја доделува истоименото списание за трајни вредности во традицијата и континуитет на современата македонска литература.
Наградата на Петрески му ја врачи Славчо Ковилоски, главен и одговорен уредник на списанието.
– Оваа награда многу му значи бидејќи се доделува за индивидуален книжевен опус и современо творештво, но и за трајни традиционални вредности и непрекинат континуитет на македонската литература воопшто, рече писателот, заблагодарувајќи за признанието.
Петрески потсети дека неговата прва книга „Огледало“ е објавена токму од страна на списанието „Современост“ во 1979 година.