„Соседи“ и „Проклетството на Виктор и Викторија“ вечер на „Лице без маски“

Од:

Четвртата вечер на Интернационалниот театарски фестивал „Лица без маски“ 2014, е резервирана за претставата „Соседи“, во режија на Павел Штоурац, а во изведба на ансамблот на независниот театар „Континуо“ од Маловице, Чешка Република, која ќе биде изведена на големата сцена на Универзална сала, со почеток од 20 часот.

Претставата „Соседи“ е базирана на неколку искази на луѓе кои живеат во близина на самиот театар „Континуо“, врзани за периодот од 80-те години на минатиот век во Централа Европа. Претставата говори за разурнувањето на општеството и човечките односи и вредности во еден период на живот кога општествениот организам доживува распад на целиот систем.

Од 22 часот, на програмата на фестивалот „Лица без маски“, на малата сцена во Универзална сала, ќе биде изведена претставата „Проклетството на Виктор и Викторија“, во режија на Војо Цветановски, а во изведба на актерите Дарко Вељиќ и Марија Бејкова.

Претставата е магистерски труд на продуцентката Сибел Јакуповиќ, а претставува спој на пантомимата и тангото, во една наративна приказна во која се воспева љубовта.

Како и во претходните три фестивалски денови, во периодот од 11 до 14 часот во Универзална сала, се одржуваат работилници предводени од гостувачките театри на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Промовирана „Македонија така далечна, а така блиска“ книга со разгледници праќани од Македонија кон Хрватска

„Бела ноќ“ во Скопје

Кабаре – концерт за лажици и гитара на Раде Шербеџија и Ленка Удовички на фестивалот РУТА во Драмски театар