„Сон, Верба, Љубов“ – концерт на Бојаџиев и Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе одржи концерт со македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев. Овој најнов проект на Бојаџиев, уметникот кој веќе долги години живее и твори во центарот на светската култура, Њуjорк, е по повод Денот на вљубените и е насловен „Сон, Верба, Љубов“.

Концертот ќе биде под диригентство на маестро Борјан Цанев, а гости се вокалот Крсте Роџевски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистот Матијас Кунцли, кои исто така живеат и работат во Њујорк. Тројцата се редовни соработници на албумските, филмските и концертните изданија на Дуке Бојаџиев.

„Сон, Верба, Љубов“ ја инкорпорира музиката што Бојаџиев ја создаде за филмовите „До Балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, композициите од неговиот албум „Љубовта е патот“, како и нови, досега неизведени творби кои премиерно ќе прозвучат заедно со оркестарот на Македонската филхармонија.

Вклучувајќи ги и аранжманите и изведбата, проектот може да се опише како вкусен спој на филмска, класична и изворна музика, и во него силно се чувствува поднебјето на авторот, односно духот на македонската традиција. Покрај македонскиот традиционален звук, музиката на Бојаџиев опфаќа фолклорни елементи и од турската, ромската и албанската музика, кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, и со тоа влијае на фузионирање на културното богатство на сите народности што живеат во Македонија. Дел од композициите се збогатени со суфистичката поезија на големиот поет и филозоф од 13.век, Џелалудин Мевљана Руми.

Проектот „Сон, Верба, Љубов“ ќе заживее и на ексклузивен материјал, во форма на видео запис (ДВД) и аудио (ЦД) издание, со што ќе понуди можност за претставување на македонската авторска и традиционална музика и во светски рамки.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска