„Сон“ – нова пиеса од драмскиот писател Зоран Пејковски

Од:

Драмскиот писател и публицист, битолскиот новинар Зоран Пејковски го објави своето нај ново дело „Сон“- драмска пиеса, трагедија во 24 сцени чиј издавач е книгоиздателството „Феникс“ од Скопје.

Театарските пиеси се должни да создадат дијалог бидејќи на тој начин можат да се разгледуваат и анализираат психолошките законитости заедно со механизмите на театарската уметност, истакна авторот Пејковски за своето најново дело „Сон“.

– Драмското дело кое потоа прераснува во театарска претстава претставува моќна социјална и духовна „терапија“ која е способна да излекува многу духовни болести на современиот човек, да го спаси човекот од неговото одтуѓување, од својот живот, од самиот себе, од семејството, од блиските пријатели, па и од работата, посочи Пејковски.

Драмската пиеса „Сон“ се одигрува во 24 сцени, секоја за себе силна и различна, со изобилство пораки. Главниот лик е самец кој шета по сопствениот ум, но и по умот на другите кои го познаваат или мислат дека го познаваат, вели авторот Пејковски.

Битолчанецот Зоран Пејковски е драмски писател, поет и публицист, член во Друштвото на писателите на Македонија и автор на книгите „Тесно небо“ (1993), „Последниот чин на комедијата на смртта“ (1994), „Реликвија на светлината“ (1996), препев на поемата „Облак во пантолони“ (1997), „Филозофија на смртта“ (1999), „Љубов на вересија“ (2000), „Театарот е ритам и стил“ (2002), „За животот, љубовта и смртта“ (2011), „Театарот е фабрика за соништа“ (2012), а со негов потпис се и други авторски дела. Минатата година Зоран Пејковски ја доби наградата за најдобра песна на поетската манифестација „Празник на липите 2012“ чиј традиционален организатор е Друштвото на писателите на Македонија.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска