Солистички рецитал на пијано дуото Аврамовска – Мариновски во музејот „Борис Христов“ во Софија

Од:

Во концертната сала на музејот „Борис Христов“ во Софија во Бугарија денеска ќе се одржи солистички рецитал на пијано дуото Аврамовска – Мариновски. На програмата на концертот се дела од Бетовен, Александар Јосифов, Шуберт, Сметана и Дворжак.

Дуото е основано од пијанистите Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски во 2015 година.

Јасна Аврамовска живее во семејство на музичари, нејзиниот татко – композитор, а мајка ѝ оперска певица. Студирала на ФМУ при Универзитетот „Свети Кирил и Свети Методиј“ во Скопје и продолжила на постдипломски студии во Софија, во Бугарија на Националната музичка академија, каде нејзин најзначаен ментор беше познатата професорка Жeни Захариева. Учествувала на многу мастер класови на познати светски пијанисти: Борис Романов, Икуко Ендо, Сачико Кодама, Антон Диев, Јокут Михајлович, Милена Молова, Душан Трбојевиќ.

Добитник е на награди на меѓународни натпревари „Seiler” – Германија, „Алберт Русел” – Франција, „Земјата и луѓето” – Бугарија…

Дарко Мариновски e роден во Скопје. Основно и средно музичко образование завршува во „Илија Николовски – Луј“. Учесник e на републичкиот натпревар вo 1988 г. каде е добитник на втората награда. Дипломира на музичката академија во Скопје во класата на проф. Борис Романов вo 1997 год., а магистрира 2000 год. на истата академија во класата на проф. Јасминка Чакар.

Тој има реализирано бројни концерти во рамки на фестивали и манифестации со повеќе реномирани македонски уметници како и концертни настапи во Софија – Р.Бугарија, Париз – Франција, Рим – Италија и Вашингтон и Њујорк – САД.

Меѓу позначајните настапи на дуото Аврамовска – Мариновски се настапот во Музејот на град Скопје 2015 година, по повод националниот ден на Полска организиран од Полската амбасада.

-Овој концерт го обележува почетокот на концертната дејност на дуото, потоа концертите на „Златна лира“ 2016, Штипско лето 2016, “Скопско лето“ 2017, концертот во Културниот центар „Трајко Прокопев“ 2018 во Куманово, концертите во Уметничката галерија на МЦ во Њујорк и клавирскиот салон „Клавирхаус“ исто така во Њујорк 2018г. Потоа следат низа концерти во Скопје – мала сала на Македонската филхармонија – концертна вечер посветена од 10 годишнината од смртта на Академик Ристо Аврамовски (2018), концертите во Културниот дом во Гевгелија (2018), концертите во, „Даут пашин амам“ и „Музејот на револуционерната борба“ (2019) во Скопје како и последниот концерт на „Златна лира“ одржан во Октомври 2020 г. исто така во Скопје, се наведува во соопштението на Културно-информативен центар на Северна Македонија во Софија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска