Солистички рецитал на пијанистката Ана Гацева во Софија

Од:

Во концертната сала „Борис Христов” во Софија, вечер од 18.30 часот солистички рецитал ќе одржи пијанистката Ана Гацева. На програмата се дела од Клод Дебиси, Јоханес Брамс и Кокан Димушевски.

Ова е втор солистички пијано-рецитал на нашата позната пијанистка во Софија, која пред неколку години имаше свое прво солистичко претставување во концертната сала „Бугарија”. Организатор на настанот е Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РМ.

Ана Гацева е редовен професор по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде што и дипломирала како најдобар студент на генерацијата. На ФМУ Гацева магистрирала со признанието cum laude во класата на проф. Слејанска.

Паралелно, дипломирала и магистрирала пијано и камерна музика на светски реномираната музичка академија Ecole Normale Superieure de Paris Alfred Cortot (1999-2002), во класите на професорите Јаса и Дебуши, стекнувајќи се со највисоката диплома за пијано-концертист. Во текот на својот престој во Париз, Гацева е ангажирана како соработник на Академијата и е стипендист на Академијата и на француската влада.

Докторската дисертација по пијано интерпретација ја одбранила на ФМУ-Скопје, под менторство на проф. Емеритус С. Јанг од Тринити Колеџот од Лондон и проф. Димитрие Бужаровски од ФМУ Скопје.

Гацева соработувала со врвни пијанисти и педагози, како Моник Дешосе, Жан Клод Пентје, Милена Молова, Александар Штаркман, Жени Захариева… Светски познатата „Моцартеум Академија“ ја завршила во класата на проф. Дел Вињ, како нејзин најмлад учесник и стипендист.

Имала бројни концертни настапи, од кои 30 надвор од Македонија, во познати концертни сали и институции низ светот. Добитник е на повеќе високи државни и меѓународни награди.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска