СОКОМ ќе ги додели традиционалните награди

Од:

Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ вечер во Македонската опера и балет ќе ги додели традиционалните награди „Трајко Прокопиев“, „Панче Пешев“ и „Георги Божиков“, во рамки на 36. Денови на македонска музика.

Наградата „Трајко Прокопиев“ за животно дело ќе ја добие етномузикологот Ѓорѓи Ѓорѓиев, за долгогодишни значајни остварувања во областа на етномузикологијата.

„Панче Пешев“ за најдобро премиерно или публикувано дело годинава му припадна на младиот автор Александар Пејовски за премиерната изведба на делото „ОоПАаИХА“.

Наградата „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски автор СОКОМ и ја доделува на пијанистката Ана Гацева за изведбата на композицијата Варијации за пијано „15 елементи за разубавување на индивидуалното“ од Мајкл Бакрнчев.

По доделувањето на наградите, во рамки на ДММ концерт ќе одржи Никола Коџабашија и Пенелопе Х, „Сценски етиди и песни“.

Деновите на македонска музика почнаа во четвртокот со концертот „Синтези“ на Македонската филхармонија и ќе бидат затворени на 9 април со премиера на балетот „Александар Трети Македонски“ на Љубомир Бранѓолица.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска