Со спектаклот „Клеопатра“ примабалерината Мијалкова одбележува 25 години уметничка дејност

Од:

Со балетскиот спектакл „Клеопатра“, примабалерината Александра Мијалкова ќе го одбележи 25-годишниот јубилеј од уметничката дејност. Премиерата на балетската претстава е на 17 ноември во Македонската опера и балет.

Кореограф на „Клеопатра“ е Василиј Медведев, музиката, која е специјално напишана за оваа претстава, е на литванката Нерија Голдберг, костимите и сценографијата на Павел Јураш, а Станислав Фечо е асистент на режија. Носителот на улогата на Марко Антоние во претставата е првенецот Бобан Ковачевски, Цезар е Васил Чичијашвили (Грузија), Октавија е Марија Кичевска Шокаровска, Змијата е Мими Поп Алексова Атанасовска, Октавијан – Киро Павлов и Аполодор – Дојчин Дочев од (Бугарија). За оваа претстава ангажиран е целиот ансамбл на балетот, хорот и операта.

Клеопатра Александра Мијалкова

Мијалкова на денешната прес-конференција изрази задоволство што има можност 25 – годишниот јубилеј, како што кажа, да го круниса со едно грандиозно балетско дело.

– Беше предизвик повторно да работам со тимот на меѓународни реномирани уметници како што се кореографот Василиј Медведев чии претстави се играат во Бољшој театарот, Државниот театар Берлин, како и на многу други сцени во светот, Станислав Фечо, истакнат педагог, репетитор и кореограф, Павол Јураш познат по својата креативност и идејни решенија во претставите и композиторката Нерија Голдберг, чија музика е наменски напишана за балетот, рече Мијалкова.

После долго размислување околу изборот на јубилејната претстава, додаде Мијалкова, одлучила дека идејата за Клеопатра на кореографот Медведев е прифатлива, бидејќи главната хероина, последната царица на Египет со нејзината убавина, женственост, мистериозност за неа како балетски уметник е инспиративна, инвентивната кореографија која што е во неокласичен стил, стилски обликувана, изразена преку пластични движења.

– Ми овозможува да ја истакнам мојата индивидуалност, креативност и танцов сензибилитет, рече Мијалкова.

Се заблагодари за поддршката од МОБ и на Тања Вујисиќ Тодоровска која како и многу пати досега и помогнала во реализирањето на улогата.

Кореографот Василиј Медведев од Русија рече дека „Клеопатра“ не е ќист класичен балет и оти нивната цел било да се излезе од тие рамки. На оваа претстава, како што кажа, секојдневно работат околу 400 луѓе и оти на сцената ќе има околу 150 луѓе, а музиката е специјално направена за „Клеопатра“.

– Како што Клеопатра триумфално влезе во Рим, нашата Клеопатра триумфално ќе влезе во Скопје, како наследничка на Александар Македонски, рече на прес-конференцијата Медведев.

Претходно Медведев со Мијалкова работеше во претставата „Дамата со камелии.

Според уметничкиот раководител на балетот, Олга Панго, МОБ подготвува таков спектакл, што ќе биде во рангот на оние што се играат во најголемите светски балетски куќи.

Директорот на МОБ Игор Дурловски рече дека ова е несомнено најголемиот проект на националналната опера и балет, но оти не чини многу повеќе од балетските претстави што досега се играле на оваа сцена.

Премиерата на балетската претстава е на 17 овој месец, но продадени се и билтетите за уште еден термин, и половина за следниот, така што сега е закажана четврта претстава за декември, соопшти Дурловски.

Би можело да ве интересира

Двојна изведба на балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски

На Денот на шегата и маските уште две претстави на „Петар Пан“

Ана Ололовска

Балетската претстава „Жизел“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на оперската претстава „Боеми“ во Националната опера и балет

Ана Ололовска

Изведба на балетската претстава „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус

Ана Ололовска

Националната опера и балет со балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” во Пловдив

Ана Ололовска