Со програмата „Паралели“ почнува 20. Танц-фест Скопје 2024

Од:

Со изведба на програмата „Паралели“ во Националната опера и балет вечер во 20 часот почнува јубилејното 20. издание на интернационалниот фестивал Танц-фест Скопје 2024. Фествалското мото е „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“.

Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори.

– „Паралели“ претставува една парабола која го поврзува Националниот балет со современата танцова сцена. Таа е од големо значење и преставува сведоштво за имплементирање на модерниот израз во балетот врзан исклучиво за македонски кореографи. Развојот на македонските кореографи обединет во едно, се годинешниве „Паралели“, вели уметничкиот раководител на Националниот балет, кореографката Олга Панго, чија претстава, современиот балет „Госпоѓиците од Авињон вечер ќе го отвори фестивалот.

-Претставата е една од најзабележителните продукции на рецентната македонска балетска сцена, чии автори се Калиопи (музика), Олга Панго (кореографија), Сашо Димоски (либрето), Валентин Светозарев (сценографија) и Раде Василев (костимографија), ја имаше својата премиера на 9.3.2021 година, а покрај редовните изведби на репертоарот на НОБ, во изминативе неколку години претставата гостувала во Народно Позориште Белград, Пловдивската опера, Софискиот музикален театар, Народно позориште Сараево, била изведена на фестивалот „Охридско лето“, како и на сцените во Велес, Куманово и Битола. Покрај исклучителната авторска екипа, во балетската деконструкција/коментар на познатата слика на Пабло Пикасо учествуваат балетските уметници од НОБ: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова, Саша Евтимова, Ивана Коцевска, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаш Лочеј, Ендру Кук и Агим Бафтии, информира прес-службата на Танц-Фест Скопје.

На програмата „Паралели“ во рамки на фестивалот Танц Фест Скопје 2024 следуваат претставите „Сага“ на кореографката Рисима Рисимкин, со музика на Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, а на 23 април на сцената на НОБ ќе биде изведен балетскиот триптих, чиј идеен творец е костимографот Александар Ношпал, драматург е Соња Здравкова-Џеперавоска, а кореографиите се на Ивана Коцевска, музика на Дарија Андоновска, Адријана Данчевска, Александар Гроздановски, Саша Ефтимова и Александар Пејовски.

Фестивалот ќе има одбележување на јубилејот на 30 април на сцената на МНТ, а се затвора со светската кореографска ѕвезда Мурад Мерзуки на 17 мај на сцената на Македонскиот народен театар.

Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, Францускиот институт, Австриската амбасада во Скопје и приватни фирми, а програмата се изведува во соработка со НОБ, МНТ, МКЦ и Националната галерија.

Би можело да ве интересира

„Леди Магбет“ на Рисимкин вечер на сцената на театарот „Камплој“ во Верона

„Танц фест 2023“ завршува со претставата „Одења и слични кореографски решенија“

Ана Ололовска

Далас Блек танцовата компанија од САД вечер на Танц фест

Ана Ололовска

Скапино балет Ротердам и „Убавите жени“ за затворањето на „Танц Фест Скопје 2021“

Почнува „Танц фест Скопје 2021“ под мотото „Украдени движења“

Ана Ололовска

Шеснаесеттиот „Танц фест“ ќе се одржува наесен во фази

Ана Ололовска