Со проектот „Камера“ почнува 9. „Бит фест 2014“

Од:

Со мултимедијалниот проект „Камера“ вечер во Старата битолска чаршија ќе почне 9. издание на „Бит фест 2014“. Во „Камера“ играат Иван Јерчиќ, Борче Ѓаковски, КУД „Илинден“, а сценариото и режијата се на Сашо Миленковски, Јован Ристовски и Александар Црвенковски.

Организатори се културните институции и граѓанските здруженија од општината, а покровител е градоначалникот Владимир Талески. Од пристигнатите 320 апликации, во програмата на Битолското културно лето годинава се 270 настани од областа на ликовната уметност, литература, класична музика, етно, поп, рок, world, амбиентална музика, театар и филмски проекции, детска програма, фестивали…

Деветтото издание на „Бит фест 2014“ со својата програма вклучува исклучителни уметници, афирмирани изведувачи, групи и ансамбли од над 20 држави меѓу кои Србија, Хрватска, БиХ, Албанија, Бугарија, Грција, Словенија, САД, Шведска, Холандија, Полска, Италија, Шпанија, Турција, Ерменија, Романија, Португалија, Русија…

Меѓу поголемите настани на „Бит фест 2014“ се концертите на „Фрајле“, Кирил Џајковски, Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Владо Јаневски, Харундо од Италија, современ џез со Оливер Јосифовски, Александар Секуловски, Сашо Поповски и познатиот џез музичар од САД Дејв Вилсон, Рок симфонијата на Битолскиот камерен оркестар со повеќе познати македонски изведувачи, премиера на уште еден нов проект на битолската опера „Опера Хаус“, јапонски танци кои доаѓаат од Кумагаја, Јапонија, пијанистката од Турција Сила Илијасогулари…

„Бит фест 2014“ ќе се одржува до 29 август. И оваа година за изведување на настаните ќе се користат над 30 отворени и затворени сцени во општина Битола.

Би можело да ве интересира

„Недостиг“, нов роман од Симеон Јанков

„Лиминални простори-лиминални тела“ – проекција на краток филм и изведба на танцов перформанс во Охрид

Доаѓа документарен филм за Елтон Џон: „Приказната што досега не била раскажана“

Предраг Петровиќ

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“