Со премиера на чешкиот филм „Комениус“ завршува фестивалот „Богородичен покров“

Од:

Со интернационална премиера на чешкиот игран филм „Комениус“ посветен на педагогот, писател и филозоф Јан Амос Коменски, вечер се заокружува шестото издание на меѓународниот филмски фестивал „Богородичен покров“.

Проекцијата на филмот е во 21.30 часот,  а претходно ќе биде прикажано интервју со претставниците на Вистафилм, чешка продукција која го продуцираше овој филм, брачниот и продуцентски пар Ива Хлавсова и Лубомир Хлавса, кој е и режисер на филмот. Дел од активностите е и Павел Коп, директорот на фотогафија на филмот, кој годинава ја доби престижната награда за најдобар директор на фотографија во Лос Ангелес. Тие ќе одговорат на поголем број прашања  на студентите на Европскиот Универзитет од Скопје и на учениците од основното училиште „Јан Амос Коменски“.

Еден едукативен час со ова интервју и филм  ќе биде дел од наставната програма во основото училиште Јан Амос Коменски од Скопје. Линкот на интервјуто е https://youtu.be/i9pIhhxepao  за  англиски јазик , а за македонски јазик е  линкот е https://youtu.be/-ZFFbqmah9g и е достапно од 21 часот.

Фестивалот почна на 11 декември, а се одржуваше во хибридна форма. Се прикажуваа документарни и играни филмови посветени на културното и духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови и телевизиски програми од земјава, Русија, Србија, Чешка и Словачка, Унгарија, Романија и Франција. Реприза на програмата ќе се прикажува од 1 до 16 јануари следната година. 

Би можело да ве интересира

Проекции на „Ровачки острог“ и „Манастир Тумане – сведоштва“ на фестивалот „Богородичен покров“

Ана Ололовска

Шести фестивал „Богородичен покров“, проекции на над 20 филмови и ТВ програми

Ана Ололовска

Почнува филмскиот фестивал „Богородичен покров“

Ана Ололовска

Петти меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“

Ана Ололовска

Почнува вториот Меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“

Наум Локоски