Почнува вториот Меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“

Од:

Со филмот „Семејството на Ники“, добитник на голем број интернационални награди, денеска напладне во Македонскиот народен театар ќе биде отворен вториот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности „Богородичен покров“.

Проекциите викендов (14-ти и 15 октомври) ќе бидат во МНТ, а од 16-ти до 18 октомври во Кинотека на Македонија.

Фестивалот ќе биде затворен на 19 октомври со Детска филмска академија, во присуство на околу 500 деца од основните училишта.

Фестивалот се одржува под покровителство на Агенцијата за филм и е со благослов на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и г.г. Стефан. Организатор е ТВ и филмска продукција Top World од Скопје.

Би можело да ве интересира

Парите од роденденските претстави на МНТ ќе одат за лекување на Леонид

Во МНТ почнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“

МНТ со претставата „Народен непријател” гостува во Србија

МНТ со две претстави на два интернационални фестивали во Републиката

Катерина Ѓуровски

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. издание на фестивалот „Ристо Шишков“

Претставата „Народен непријател“ гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора