Со предавање на Нејтан Браун од Канада вечерва почнува КРИК – фестивал за критичка култура

Од:

Вечерва во 20 часот, во просториите на Чифте Амам, започнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапукт. Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун, со предавањето насловено „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот Хамлет и Хегеловата Феноменологија на духот вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“ Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамки на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како с’рж на физичките и метафизичките грижи кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“.

ПРОГРАМА
јуни – јули
Резиденцијална програма
8 -10.06.2022, КСП Центар – Јадро
18:30 – 20:30 Семнар со Нејтан Браун „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“

15.06.2022, среда, Музеј на современата уметност
18:00-20:00 Семинар со Синтија Мичел „Вовед во психоаналитичките интервенции на Вили Аполон“

16 – 24.06.2022, Чифте Амам и Скопје
„Мапирање на занаетите во Скопје„ – Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану

Јавна програма
21.06. 2022, вторник, Чифте Амам
20:00 – 21:00 Нејтан Браун – „За жал, кутриот Јорик! и „Постоењето на духот е коска“, предавање

23.06. 2022, четврток, Сули Ан, атриум на Факултет за ликовни уметности
20:00 – 22:00 „Гозба или За љубовта” – концептуален, перфромативен дијалог, во духот на Платоновите симпозиуми, каде што критичкото мислење за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото се стимулира со храна и пијалак.
Учествуваат: Славчо Димитров, Никола Маџиров, Ивана Хаџиевска, Милица Пекиќ, Владимир Јанковски, Петар Милат и Елизабета Шелева. Кормилар: Артан Садику
„Гозбата“ ќе биде придружена и со снимени видео матеројали на дијалози за демократијата, од Србија, Косово и Северна Македонија.
[ „Гозба“ е дел од проектот „Изведување демократија“ које партнерски проект со Киоск (Србија) и Докуфест (Косово)]

24.06. 2022, петок, Даут Пашин Амам
20:00 „Сенката на Бодлер” – промоција на двотомното издание на преводот од француски на англиски на „Цвеќињата на злото“ од Шарл Бодлер, од Нејтан Браун и пропратното изднаие на анализата преведувачот, во разговор со Петар Милат. Книгата е заедничко издание на Мултимедијалниот институт од Загреб и на Контрапункт – Скопје.

30. 06. 2022, четврток, КСП Центар – Јадро
20:00 „Сенката на занаетите – Скопје” – инсталација со светло-сенка-звук на Билал Јилмаз од материјалите собрани преку истражувачкиот процес на мапирање на занаети заедно со Лидија Хаѕиоану.

01. 07, петок, Музеј на современа уметност Скопје
19:00 Презентирање на лејбели од Бугарија Amek Collective & Kontingent Records со Ангел Симитчев, Мартин Луканов, Иван Шентов во разговор со Станимир Панајотов и Ивана Драгшиќ
21:00 Live set Shentov, Simitchiev, Lukanov

Најава на програмата за месеците септември и октомври:
Изложба и промоција на книга на Дубравка Угрешиќ, рагворор со Сезгин Бојник, промоција на книга на Артан Садику, изложба и разговор на Шејла Камериќ, во соработка со Тииит!Инк., промоција на книга на Александер Гарсија Дутмман, перформанс и разговор со Феликс Фалцук и Јохана Хершел.

Би можело да ве интересира

КРИК – фестивал за критичка култура

Со промоција на книгата „Субјект(ивна) политика“ од Артан Садику завршува седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура

Ана Ололовска

Седмото издание на КРИК фестивал продолжува со перформансот „Обука за реанимација“

Ана Ололовска

Изложба „Сенките на занаетите“ од турскиот уметник Билал Јилмаз утре на програмата на фестивалот КРИК

Ана Ололовска

Поетско читање вечерва на фестивалот КРИК, вчера покрај трпеза познати уметници и писатели говореа за демокртијата

Ана Ололовска

„Гозба или за љубовта” на КРИК 07 – уметници и писатели ќе говорат за демократијата, уметноста, љубовта, пријателството и убавото

Ана Ололовска