Со музика од Сибелиус одбележани 100 години од независноста на Финска

Од:

Со концерт на музика од финскиот композитор Јан Сибелиус во изведба на пијанистот Уки Оваскаинен, синоќа во Даут-пашин амам беше одбележана 100-годишнината од независноста на Финска.

Амбасадорот на Финска за Македонија Перти Иконен рече дека целта на прославувањето на јубилејот е јавноста во Македонија да се запознае со финската култура, вредностите и со општествениот живот, како и со успешната соработка меѓу нордиските земји која, рече, може да биде пример и на Балканот.

– Музиката почнува таму каде што запираат можностите на јазикот, ја цитираше Иконен мислата на познатиот композитор Сибелиус, додавајќи дека „Македонија е толку музикална, што вредностите на делото на финскиот композитор тука лесно комуницираат и целосно ги бришат и ги прават безначајни првичните јазични бариери“.

Почесниот конзул на Република Финска во Македонија Светозар Јаневски рече дека јубилејот е нов поттик за соработката меѓу двете земји и дека финското општество, културата и историјата содржат бројни искуства кои на Македонија можат да ѝ отворат нови видици, како и можности за зголемување на економската размена. Затоа, рече тој, важно е натамошното подобро меѓусебно запознавање.

Програмата за одбележување еден век од независноста на Финска е под мотото „Заедно“ и се реализира во цела 2017 година со над 2000 манифестации и настани во 70 земји во светот. Денот на независноста на Република Финска е 6 декември.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска