Со концерт на гитаристите Тања Стојановска и Михајло Стојанов почна Скопскиот летен ритам

Од:

Со концерт на гитаристите Тања Стојановска и Михајло Стојанов, синоќа на плоштадот „Мајка Тереза“, пред платото на МОБ, почна проектот „Скопски летен ритам“. На концертот присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

„Скопски летен ритам“ се реализира во рамки на проектот „Улични музичари и артисти“, на централнoто градско подрачје, односно на плоштадите „Мајка Тереза“, „Филип Втори“, „ВМРО“, „Македонија“ и „Богородица“.

На секој од плоштадите, секој петок, сабота и недела во вечерните часови ќе се одржуваат 6 до 7 настани, во соработка со изведувачи солисти или музички групи од сите генерации, кои изведуваат жанровски и стилски разновидна музика.

На плоштадот „Мајка Тереза“ ќе настапуваат изведувачи на класична и сериозна музика. На плоштадот „ВМРО“ ќе има богата детска програма, а во вечерните часови ќе има програма наменета за млади. На плоштадот „Богородица“ ќе настапуваат изведувачи на фолклорна и етно музика, а на плоштадот „Македонија“ ќе има богата програма од различни жанрови и за сите генерации.

Културно-уметничките настани ќе се одржуваат до крајот на септември, а доколку се поволни временските услови може да има настапи и во месец октомври.

Настаните се во организација на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“ и Град Скопје.

Директорот на ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, Вера Бошковска, најави 40 настапи на околу 100 учесници и богата и разновидна програма наменета за граѓаните и туристите во Скопје.

Целта на овој проект е културно заживување на централното градско подрачје преку урбаната култура и генерирање нова и стара публика со квалитетна културно-уметничка програма која ќе ја надополни и збогати атмосферата и амбиентот на Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето