Со изложба на македонски уметници отворен Фестивалот на франкофонијата во Созопол

Од:

Со македонската групна изложба “Конекција 2″ синоќа беше отворен петтиот Фестивал на Франкофонијата „Солеј” во Созопол, Република Бугарија.

Седум изложби, десет концерти, научни трибини и работилници, ликовна колонија, се дел од содржините на овој значаен фестивал, на кој ќе учествуваат уметници од Франција, Белгија, Бугарија, Романија, Грузија, Мароко, Либан и по прв пат од Македонија.

Учеството на уметниците од Македонија е во организација на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, кој за оваа прилика претстави дела на 11 македонски уметници, кои веќе две години заеднички настапуваат во концепцијата “Конекција 2”. Оваа група уметници преку македонскиот центар во Софија досега беа претставени на изложби и во Велико Трново, Благоевград, Русе, Харманли, Пловдив и на две изложби во Софија.

Изложбата во Созопол ја отворија претседателот на општинскиот Совет на Созопол Красимира Германова, директорката на франкофонскиот фестивал “Солеј” Александрина Исајлова и директорот на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Васко Шутаров. Ова прво претставување на македонски уметници предизвика голем интерес кај публиката и бугарските медиуми.

Проектот “Конекција 2” е поддржан од Министерство за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Љутков: Свесен сум дека не ги дадовме платите пред Велигден, но конечно го решивме проблемот

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи