Снимањето на „Деца на сонцето“ заврши во Преспа, неделава ќе продолжи во Скопје

Од:

По четири недели снимање на брегот на Преспанско Езеро, екипата на филмот „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески ќе го продолжи снимањето во Скопје,  Гостивар и Охрид.

Кон средината на неделава, ќе се снимаат сцени во Железничката станица во Скопје, во центарот на градот, во Жена-паркот, во едно казино и во приватна вила. Последните денови од снимањето се резервирани за Охрид, каде ќе се снимаат подводни сцени.

novplakatDECA NA SONCETO

Режисерот Митрикески е задоволен од досегашниот тек на снимањето. Тој нагласува дека работи со извонредно добро организирана екипа која во целото негово искуство како режисер е  најподготвена и најпрофесионална. Со снимањето се и понапред од планираното зашто, како што вели, стриктно се придржуваат на зададените планови.

–  Земете предвид дека имавме масовни сцени по десетина актери во кадар, кои ги работевме во екстериерни услови, на зајдисонца, и сепак успевавме да ги снимивме во рок и да го фатиме тој величествен момент кога сонцето заоѓа и немавме потреба да доцниме или да преснимуваме.

– За искусните актери кои играат во филмот, немам коментар, тие се вистински магови во својата работа, како Владо Јовановски, Милица Стојанова (чија улога и е досега најголема на филм), Мето Јованоски, Билјана Танески, босанската ѕвезда Емир Хаџихафизбеговиќ, Данчо Чеврески, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, а младата актерка Ивана Павлаковиќ, која ја игра главната улога и која наедно дебитира на филм, е големо откровение за мене.

– Чудо од актерка. Допрва ќе се слуша за неа. Таа ги надмина моите очекувања. Не можам, а да не го споменам и младиот актер нејзин партнер во филмот Кире Ѓоревски, кој исто така многу автентично го пресликува ликот на Марко. Феноменален е, изјави Митрикески. 

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ