„Скрипт фест 2014“ на 25-ти и 26-ти јуни

Од:

Меѓународниот фестивал на филмски сценарија „Скрипт фест 2014“ ќе се одржи на 25. и 26. јуни во Културниот центар „Феникс“ во Скопје. Организатор е Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија Презент“ од Скопје.

Фестивалот годинава се одржува третпат, а ќе го отвори проф. д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература – Скопје. Ќе бидат врачени и наградите на годинашните добитници, „Скрипт феникс“ на м-р Константин Плевнеш од Универзитетот ЕСРА Скопје-Париз-Њујорк за развој на филмската култура, „Скрипт презент“ на Сунчица Уневска од „Утрински весник“ за долгогодишен придонес во филмската уметност, „Скрипт фест“ на авторот Кузман Клековски за неговиот ангажман и придонес на планот на филмот.

Специјално признание, наградата „Скрипт мост“ ќе му биде доделена на Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.

За темата „Филмското сценарио денес – помеѓу желбите и реалностите“, ќе говори  доц. д-р Христо Петрески. Ќе бидат прикажани повеќе краткометражни и документарни филмови, а ќе биде организирана и промоција на филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи „Феникс“ и „Маска“ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

На „Браќа Манаки“ преставени кинематограферите Јошио Китагава, Азамат Дулатов и Јошико Такано

Почесна „Златна Камера 300“ за Јанаки Манаки од ИФФК „Браќа Манаки“

Предраг Петровиќ

Ридли Скот најави нов филм и ја воодушеви публиката: „Веќе имам идеја за продолжение“

Предраг Петровиќ

„Бизнисот на задоволството“ почна да се прикажува пред македонската публика

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“