Скопскиот филмски фестивал стартува во петок

Од:

18. издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ) свечено ќе биде отворено в петок, со светската премиера на филмот „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, соопштија Скопскиот филмски фестивал и Вип операторот.

Од таму велат дека во осумте богати фестивалски денови, до 24 април, публиката на СФФ ќе има можност да види над 60 филмови од најновата продукција на светската, европската и македонската кинематографија, а се најавуваат и специјални гости.

Новина на годинашново издание на СФФ е програмата на хорор филмови „Повеќе од хорор“, во која ќе бидат прикажани четири филмови.

Меѓу другите впечатливи остварувања, годинава, скопските филмофили ќе можат да го видат победникот на последниот Берлински филмски фестивал, филмот „Такси“, на славниот ирански режисер Џафар Панахи. Тука е и добитникот на Оскар за најдобар документарен филм за 2014 година, „Граѓанинот четири“. Фестивалската публика ќе има можност да го види и филмот „Забранета соба“ (2015) на режисерот Гај Мадин, кој претставува фасцинантен филмски експеримент.

Младата македонска актерска ѕвезда, Наташа Петровиќ ќе ја видиме во една од улогите во премиерата на германско австралискта копродукција „Еликсир“, во режија на Броди Хигс.

Освен квалитетни филмови, дел од програмата на СФФ се и неколку работилници и мастер класи.
СФФ ќе се одржува во киното Милениум во ГТЦ, киното Фросина и во Кинотека на Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он