Скопскиот дувачки квинтет на фестивал во Варшава

Од:

Скопскиот дувачки квинтет викендов ќе настапи на меѓународниот фестивал „Стрефа чиши” (Strefa Ciszy) во Кралскиот Лажењки парк во Варшава во програмата Балкански викенд.

Музичарите ќе имаат три настапи на кои ќе изведат композиции од македонските автори Прокопиев, Бранѓолица, Смокварски, Лековски, како и „Македонска суита” од италијанскиот композитор Д’Агостини.

Скопскиот дувачки квинтет постои четири децении и изведува дела од светската ризница и од македонски автори, некои и специјално напишани за овој камерен ансамбл. Квинтетот имал голем број настапи во земјава и во странство, како и бројни тонски и ТВ записи. Многупати бил и наградуван. Има издадено два компакт-диска.

– Во ансамблот доаѓаа и заминуваа големи мајстори на своите инструменти, секогаш со желба и пораки Скопскиот дувачки квинтет да опстане и продолжи, истакнуваат членовите во актуелниот состав – Марија Јакимовска-флејта, Васил Атанасов-обоа, Ристо Ѓоревски-кларинет, Даниел Апостолов-фагот и Александар Гошев-хорна. Тие се членови на Камерниот оркестар Скопски солисти, Македонската филхармонија и Македонската опера и балет.

Нивниот концерт на фестивалот во Полска е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска