Скопскиот Аквадукт ќе добие највисока државна заштита

Од:

Владата на Република Северна Македонија, на предлог од Управата за заштита на културното наследство и по мислењето на Националниот совет за културно наследство, на денешната седница донесе Одлука за прогласување на споменикот Аквадукт во Скопје за Културно наследство од особено значење, поткатегорија Исклучително значење.

Одлуката уследи по усвоениот елаборат за ревалоризација на споменикот, процес кој долги години беше закочен во надлежнитe институции.

Со ревалоризацијата на Аквадуктот е опфатено и прашањето за категоризација на доброто според неговото значење, а со тоа и прашањето за режимот на заштита.

Одлуката овозможува трајно зачувување на Аквадуктот и на неговите вредности во културна и историска смисла, како и во однос на заштитата на архитектурата, на социјалниот, едукативниот, туристичкиот и економскиот аспект на локалитетот. Со тоа се овозможува конечно да започне и неговата физичка заштита.

Со донесувањето на Одлуката, Аквадуктот се вбројува во уставната категорија „добра од општ интерес за Република Северна Македонија“ и ужива посебна заштита во смисла на Уставот и Законот за заштита на културното наследство.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ