„Скопската тврдина – симбол на градот“ – изложба во Музеј на Град Скопје

Од:

Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“. Автори се Снешка Лакалиска, виш кустос, Игор Кузмановски, кустос археолог и Драгица Живкова, советник кустос.

Повод за изложбата се педесет години од заштитните археолошки ископувања на Скопско Кале (1967-2017) кои се реализирани по големите оштетувања на тврдината предизвикани од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година. Тогаш првпат поцелосно е понудена јасна стратиграфска слика за вековните наталожувања на населбите кои постоеле на овој локалитет, со акцент на средновековниот период и неговата материјална култура.

Ископувањата биле изведени од Заводот за заштита на спомениците на културата на град Скопје и во нив учествувала цела една плејада од првата генерација на македонски археолози и историчари на уметност (Н. Никуљска, И. Микулчиќ, Б. Алексова, К. Петров, Ж. Винчиќ, В. Соколовска, Д. Корачевиќ, Л. Богоевиќ, Б. Бабиќ, Т. Јанакиевски, К. Кепевски, Г. Спасовска-Димитровска, Д. Симовска, А. Керамитчиев, В. Иљоски) кои со својот ентузијазам и пионерски влог во областа на теренските истражувања трајно ја задолжиле археолошката наука во Република Македонија.

– Поттикнати од овој јубилеј, Музејот на град Скопје се вклучи во одбележувањето со поставување на изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“. Со изложбата се презентираат материјалните наоди од византискиот и османлискиот период, вредни сведоштва за минатото на Скопје кои претходно биле парцијално изложувани во музејските поставки, а денес собрани првпат во една интегрална целина, соопшти Музејот на Град Скопје за изложбата „Скопската тврдина – симбол на градот“ која ќе може да се посети до 30 септември.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето