Скопска премиера на филмот „До Балчак“

Од:

Најновото филмско остварување „До Балчак” на режисерот Столе Попов вечер премиерно ќе биде прикажан во Скопје во киното „Милениум“.

„До Балчак” или Приказна од Дивиот исток е историски спектакл. Приказната се случува во првата декада од 20. век. Тоа е сурова, романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на поединецот.

Сценариото на филмот е на Горан Стефановски, продуцент е Данчо Чеврески. Во филмот настапуваат Сашко Коцев, Тони Михајловски, Мартин Јордановски, Сенко Велинов, Инти Шрај, Драган Спасов, Гораст Цветковски, Владо Јовановски, Ана Костовска и други.

„До Балчак” се снимаше летото во 2012 година на локации во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и Прилеп. Филмот премиерно беше прикажан на 14 септември на 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

По скопската премиера, филмот ќе биде на редовниот репертоар на кината „Милениум“ и „Синеплекс“, а од почетокот на идната недела ќе се дистрибуира во сите градови во Македонија.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он