Скопска премиера на „Деца на сонцето“

Од:

По македонската и светската премиера (на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола и на 22. „Реинденс“ во Лондон), филмот  „Деца на сонцето“ на режисерот Антонио Митрикески од денеска ќе се прикажува во киното „Милениум“ во Скопје.

По вечерашната премиера во главниот град, новиот игран филм на Митрикески ќе биде редовно на репертоарот на „Милениум“ во термините од 20 и од 22 часот.

Според режисерот, филмот е прототип на македонска фамилија и тематизира семејни релации, а во преден план е љубовната приказна меѓу Ангела и Марко, кои  ги играат младите актери Ивана  Павлаковиќ и Кире Ѓоревски. Сценариото е на Гордан Михиќ и беше сниман, главно, во преспанскиот регион.

Во актерската екипа се и Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневски, Емир Хаџихафизбеговиќ, Милица Стојанова….Директор на фотографија е Јарек Шода од Полска, костимограф Зорица Тодорова-Младеновиќ, а автор на музиката гитаристот Влатко Стефановски.

„Деца на сонцето“ е трет игран филм на Митрикески, по претходните „Преку езерото“ од 1997 и „Како лош сон“ од 2003 година.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он