Скопје дел од градовите кои ќе избираат победник на „Евровизија за краток филм”

Од:

Во рамките на Café Europa Skopje во Младинскиот Културен Центар, утре ќе се одржи првата активност по официјалното отворање на филмскиот фестивал „EUROVIDEO 2015”, меѓународен проект промовиран од Монс, Европски град на културата за 2015 година.

На 17, 18 и 19 март, МКЦ  во соработка со BRIDGES, ќе биде домаќин на овој филмски фестивал, кој е организиран од страна на Videographies и Фондацијата Монс 2015. Оваа т.н. „Евровизија за краток филм”, ќе се одржува во театарот во Белгискиот град Лиеж, а тридневната манифестација ќе биде  симултано пренесувана во Café Europa локалите во Монс, Сараево, Скопје, Сан Себастијан и Калининград. Наградените дела ќе бидат прикажани и на белгиската национална телевизија.

На програмата се 24 кратки филма кои доаѓаат од 17 различни европски држави,  а меѓу нив е и краткиот филм насловен “I want to abuse” на младата режисерка од Македонија Наташа Неделкова.

Паралелно со натпреварувачката програма, свој придонес ќе имаат и трите “Carte blanche” (не натпреварувачки) програми:  “Ludwig Forum” од Ахен кои на оригинален начин ќе ја прикажат видео арт историјата на Германија, Белгија и САД, “Duplex 100m2” од Сараево кои ќе отворат посебен видик кон различната и културно богата видео арт заедница во БиХ, како и “Tabakalera” од Сан Себастијан кои ќе го прикажат победничкото видео од нивниот последен Фестивал на Филмските академии.

Првите два дена се гласачки и натпреварувачки каде по проекциите, секој од публиката ќе има можност да гласа за петте најдобри филма од селекцијата. Третиот ден е прогласувањето на наградените и прикажувањето на победничките филмови.

Најдобрите во категоријата Films and Videos ќе имаат можност да се здобијат со следните награди: „The Innovation Award for Technology or Treatment (1.500€)”, „The Innovation Award for the Most significant content (1.500€)” и „The European Audience Award (1.500€)”, каде Македонија е во конкуренција за European Audience Award наградата.

Проекциите се бесплатни и ќе се прикажуваат во  Café Europa – Skopje, лоцирано во Кафулето во МКЦ со почеток во 20.30 часот.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он