„Сказна за чучулигата“ од Томе Богдановски во издание на „Македоника литера“

Од:

„Македоника литера“ ја објави книгата „Сказна за чучулигата“ на писателот Томе Богдановски која содржи драми, монодрами и радиодрами за возрасни читатели, повеќето од нив претходно наградени или откупени на анонимни конкурси.

– Карактеристично за драмските текстови на Богдановски е тоа што тој пишува приказни со цврста драматуршка структура; со динамичен или драматичен тек, и со одмерен и ефективен дијалог. Дејството во секој текст е предадено со потребната внатрешна и надворешна конфликтност, како негова движечка сила, соопшти издавачот.

Томе Богдановски (1938, Бање, Кочанско) е поет, раскажувач, романсиер, драмски писател и учебникар. Пишува и за деца и за возрасни. Во македонската литература дебитирал истовремено со три книги, во 1972 година. „Сказна за чучулигата“ е втора негова книга со драмски текстови. Претходно ја објавил збирката драми за деца „Ценцел“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска