Синдикатот за култура во вторник со предупредувачки штрајк за колективен договор во културата

Од:

Вработените во културните и уметничките установи во вторник, 24 декември 2019, ќе одржат предупредувачки штрајк поради тоа што сè уште не е потпишан колективен договор што го чекаат 15 години и неисполнетото ветување по протестниот марш пред два и пол месеца.

Синдикатот за култура (СКРМ) соопшти дека вчера истекол рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк.

-Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка. Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. Штрајкот е со предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена, соопшти СКРМ.

Синдикатот за култура на 8 октомври организираше протестен марш „Колективен сега!“ пред Владата и Министерството за култура. Претставниците беа поканети на средба во Владата од каде што добија ветување за колективен до јануари 2020. СКРМ неодамна реагираше дека работните групи се неактивни и најави дека повторно ќе излезе на протест доколку не продолжат.

СКРМ бара колективен договор со кој ќе се утврдат платите, коефициентите според сложеноста на работните места и точно ќе се уредат условите за надоместоците на плата.

Би можело да ве интересира

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Синдикатот на културата најавува штрајк на 16 декември ако во најкус можен рок не се потпише колективен договор

Ана Ололовска

ВИДЕО: Синдикатот на културата бара зголемување и нивелација на платите на вработените во културните и уметничките институции

Наум Локоски