Симпозиум за писателот Живко Чинго во Париз

Од:

Во една од најстарите образовни институции на Сорбона, Институтот за ориентални јазици и цивилизации денеска ќе се одржи симпозиум посветен на големото име на македонската кнжевност на интернационален план, Живко Чинго (1935-1987).

Воведно обраќање на симпозиумот ќе има ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш по повод второто издание на романот „Големата вода“, кој го објави издавачката куќа „Le nouvel Attila“, а во превод на Марија Бежановска.

На симпозиумот учествуваат голем број имиња од издавачкиот и книжевниот свет на Франција, во организација на професорката Фроса Бушро, шеф на катедрата по македонски студии во Париз.

По симпозиумот, во големиот аудиториум на ИНАЛКО ќе биде прикажан играниот филм „Големата вода“ во режија на Иво Трајков.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска