Симона Димковска од Куманово ја доби наградата млад актер на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Од:

Симона Димковска, актерка од Куманово ја доби наградата за млад актер на 54-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој од 7 јуни се одржуваше во Прилеп.

Димковска игра три улоги во претставата „Физика на тагата“, физичарот доктор Георгиева, напуштеното дете и волшебникот.

-За млад невработен актер, оваа награда е мотив да продолжам да работам, да се усовршувам и да верувам во театарот, изјави Димковска.

Актерката освен со Кумановскиот театар, досега играла и во претстави на Прилепскиот и на театри од Скопје.

„Физика на тагата“ е работена според романот на Георги Господинов, во режија на Милош Андоновски од Куманово. Освен, во Кумановскиот театар, претставата е прикажана пред публиката во Прилеп и во Скопје на „Бела ноќ“, а ќе гостува и во Ќустендил.

Би можело да ве интересира

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“