Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца „Сликички од изложба“ од композиторот Модест Мусоргски. Оркестарот ќе го води диригентот Борјан Цанев.
– Концертот ќе им овозможи на децата незаборавно музичко патување во чудесен свет на џуџиња, стари замоци, танц на неиспилени пиленца, раскошни порти… Низ волшебниот и прекрасен свет на Мусоргски ќе ги води миленикот на детската публика, младиот актер Мартин Јорданоски или ним попознат како Волшебниот Сон, информира Филхаромонијата.