Симфониски концерт „Враќање“ на Македонската филхармонија

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе одржи уште еден симфониски концерт насловен „Враќање“.

Концертот е посветен на врвниот израелски диригент, маестро Дорон Саломон, кој повторно застанува зад пултот со Македонската филхармонија, откако на почетокот на 90-тите години беше шеф-диригент на овој оркестар. Како солист ќе се претстави рускиот виртуоз на виолината Сергеј Крилов, кој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација.

Крилов ќе го изведе популарниот Концерт за виолина и оркестар од Феликс Менделсон, а оркестарот, заедно со маестро Саломон, ќе ја изведе и грандиозната Симфонија бр. 10 од Дмитриј Шостакович, која според многумина е најдоброто дело од опусот на големиот руски композитор.

Од 1994 до 1996 година, маестро Дорон Саломон беше шеф-диригент на оркестарот на Македонската филхармонија, со кого оствари изведби, особено на дела од македонски автори, како и неколку гостувања, меѓу нив и настап на отворање на „Охридско лето“ и турнеја во Италија.

Сергеј Крилов, роден во 1970 година, се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација. Тој е познат и како диригент, а особено како директор на Литванскиот камерен оркестар со кој редовно ја презема двојната улога на солист и диригент. Настапувал на сите значајни концертни подиуми, меѓу кои и со Берлинската и Минхенската филхармонија, виенскиот „Музиквереин“, Театарот на Елисејските полиња во Париз, академијата „Санта Чечилија“ во Рим, „Ла Скала“ во Милано, ширум Русија, во Полска, Кина…

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска