Швеѓаните најмногу читаат крими-литература

Од:

Најновите статистички показатели околу популарноста на одделни литературни жанрови во Шведска претставуваат уште една потврда за доминантните читателските трендови во земјата на Нобеловата награда за литература, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Швеѓаните купуваат и читаат најчесто крими-литература.

Четириесет и три  отсто од шведските читатели преферираат таков вид литература, а за што потврда можеше да се најде и на минатонеделниот Саем на книгата во Гетеборг, најголема книжевна манифестација во Скандинавија со над 100.000 посетители.

Статистиката исто така покажува дека меѓу шведските читатели 34 отсто се определуваат пред се за уметнички романи, 9 проценти читаат биографии, 3 проценти стручна литература, додека 2 процента избираат дела на класични автори.

Шведската крими-литература во последниве доцении се наметна како феномен во глобални рамки. Книгите на Стиг Ларсон, Камила Лекберг, Лиса Марклунд и Арне Дал се преведени на голем број јазици во светот со огромни тиражи, а на нивните автори им донесоа милионски суми зароботувачка.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица