Објавена е поетската збирка „Шума“ на Сашо Огненовски на албански јазик. Препевот е на Јетон Калеменди, а делото го издаде издавачката куќа „Ива Богдани“ од Приштина, Косово.
Сашо Огненовски е автор е на пет поетски збирки: „Лавина“ (1995), „Плодовите на пеколот“(2014), „Пустински цвет“ (2015), „Шума“ (2018) и „Менување на минатото“ (2019). Автор е и на книгите пиеси за деца „Обична бајка“ (2002) и „Волшебниот компас“ (2011),
романот „Сивиот плоштад“ и книгата со драми „Тврдина“ (2016). Неговите детски пиеси под заеднички наслов „Волшебен компас“ (2017) се издадени на спски јазик, додека неговата пиеса „Тврдина“ на англиски јазик.
Преведувал поезија и проза од англиски, српски и бугарски јазик, а неговите книги се исто така преведувани на српски, англиски и арапски јазик. За својата поезија е добитник на интернационални награди, меѓу кои и годишната награда на Сојузот на преведувачи од Црна Гора.
Пишува и осврти, рецензии и критики за литература, театар и филм. Неговите песни и раскази се објавувани во многу антологии на англиски, узбечки, српски, арапски, албански и полски јазик, како и во книжевните списанија: „Современост“, „Културен живот“, „Раст“, „Современи дијалози“, „Книжевни елементи“, „Книжевни преглед“, „Културен живот“, „Фемида“, „Екерман“, а неговите осврти и есеи од областа на книжевноста, театарот и филмот на порталите kritika.mk, pulse.rs, sinhro.rs.