„Шубертова вечер“ со пијанистката Марија Ѓошевска

Од:

Во малата сала на Македонската филхармонија вечер ќе се одржи рецитал на истакнатата пијанистка Марија Ѓошевска.

Концертот е насловен „Шубертова вечер“, а ќе бидат изведени „Фантазија – импромпти“ од Фредерик Шопен, на која како гостин ќе учестува ученикот Матеј Коруноски кој е четврта година во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, како и Соната – фантазија, бр.18 и Шест музички моменти од Франц Шуберт.

Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Музичкото образование го започнува во основното музичко училиште „Владимир Арсовски“ во Неготино. Средното музичко училиште го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, во класата на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска (1998), а дипломира (2002), магистрира (2004) и докторира (2009) на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на истакнатиот пијанист и педагог, проф. Борис Романов.

Добитничка е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари. Како солист и камерен музичар настапува на повеќе реномирани меѓународни фестивали. Репертоарот на Марија Ѓошевска опфаќа голем број дела од барок до современа музика. Созревањето на Марија Ѓошевска во музичар со врвни перформанси се отчитува и во нејзините чести ангажмани како камерен музичар и пијано – соработник со истакнати инструменталисти.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска