ВИДЕО: Штраус, Верди и Вагнер на Виенскиот новогодишен концерт

Од:

Најпознатиот концерт на класична музика на светот, Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија, годинава ќе биде посветен, освен на традиционалните валцери на семејството Штраус, и на делата на Џузепе Верди и Рихард Вагнер по повод 200-годишнините од нивните раѓања во 2013-та.

Концертот, кој ќе биде 73-ти по ред, ќе биде директно пренесуван во 81 земја, што претставува нов рекорд, што се однесува до гледачите кои преку телевизиските екрани директно ќе го следат Виенскиот новогодишен концерт.

Во „Musikverein” со Виенската филхармонија ќе диригира Фанц Велсер-Моест, вторпат по 2011 година. Педесет и двегодишниот музички директор на Виенската опера однапред се радува на „неспоредливото уживање на изведбата на валцерите”. Тој е еден од 15-те диригенти кои досега дирижирале со оркестарот на Виенската филхармонија на Новогодишниот концерт, меѓу кои се најголемите диригенти како Херберт фон Карајан, Лорин Маазел, Зубин Мехта, Рикардо Мути…

Поголемиот дел од репертоарот, како секоја година,ќе биде посветен на композициите на семејството Штраус, Јохан Штраус таткото, Јохан Штраус синот и Јозеф Штраус.

Одбележувајќи ја претстојната 200-годишнина од раѓањето на италијанскиот композитор Џузепе Верди (1813-1901), како и на германскиот композитор Рихард Вагнер (1813-1993) оркестарот ќе изведе музика за балет од операта „дон Карлос”, како и прелудиумот од 3-от чин на Вагнеровата опера „Лохенгрин”.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ