„Шрапнел“ – роман на Игор Анѓелков во издание на Или-Или

Од:

Издавачката куќа Или-Или го објави романот „Шрапнел“ од Игор Анѓелков, негов трет роман во кој низ неколку наративни линии ги преиспитува суптилните релации меѓу историјата, личното сеќавање, односот со најблиските и општествените околности кои влијаат врз емотивното и приватното. Романот е 181 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на Или-Или.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал Медиуми и комуникации на Правниот факултет при Универзитетот на УКИМ. Повеќе години е активен во периодиката со критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста.

Првото книжевно дело го објави во 2006 година – збирката раскази „Кротки приказни“, a потоа и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013), кој беше финалист за „Рациновото признание“. Анѓелков има и две дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби наградата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Филмски град“ (2018).

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска