Коцерти за деца и млади, театарски претстави, но и разни атктрактивни спортови, ќе бидат дел од содржините на шестото издание на Тетовското култуирно лето што ќе трае до 3 август, информира уметничкиот директор Јетон Пустина.
– Концертите вообичаено ќе бидат организирани на градскиот плоштад, улицата „ЈНА“ или таканаречената улица со чадорите, како и во „Жена парк“. Ние испративме покана до сите музички групи што делуваат во градот да настапат. Освен концертите и тетараските претстави годинава ќе имаме и повеќе спортски активности како бокс, фудбалски нартпревар на жени фудбалерки, кампување во планина, дефиле на мортори низ гардските улици и слично, рече Пустина.
Оваа недела во организација на иницијативата „Прв до врв“ ќе бидат организирани и планинско трчање, како и друмски и планиснки велосипедизам од тетово до Попова Шапка.
– Оваа манифестација ја замислуваме како спортска со силна забавна компонента. По завршувањето на трките на Попова Шапка ќе организираме пикник и еко-фестивал каде по прогласувањето на победниците во сите дисциплини ќе има и богата музичка програма, рече Александар Георгиевски од инцијативата „Прв до врв“.
Тој појасни дека „Прв до врв“ досега бил организиран на Водно, и оти ова е првпат што се организира до Попова Шапка што, како што рече, е значително понапорно поради повисоката надморска височина што ќе треба да ја достигнат тркачите и велосипедистите.