Шеста серија од поетската едиција „ЕваТас“ на „Блесок“

Од:

Издавачката куќа „Блесок“ ја објави шестата серија книги во својата повеќејазична поетска едиција „ЕваТас“.

Во новата серија се насловите: „Пепелашка во хромиран ковчег“ од Звонко Карановиќ – избрана поезија на македонски, српски и англиски,  „Во некои денови“ од Јурген Ненѕа – избрана поезија на македонски, германски и англиски и „Танцувајќи во Одеса“ од Иља Камински – избрана поезија на македонски и на англиски јазик.

Почнувајќи од 2009 година, „Блесок“ секоја година објавува по три современи автори во едицијата „ЕваТас“. Авторите се објавуваат на македонски, на англиски и на нивниот мајчин јазик. Македонските автори се објавуваат на македонски и на англиски.

Досега во едицијата се објавени избори поезија од: Игор Исаковски, Тод Свифт, Миле Стоиќ, Мехмед Бегиќ, Богомил Ѓузел, Тристан Виндторн, Јосип Ости, Катица Ќулавкова, Рони Сомек, Алеш Дебељак, Павле Горановиќ, Бранко Чегец, Сибила Петлевски, Јовица Ивановски, Хенк ван Керквијк.

Едицијата е основана во сеќавање на Ева Тас (1915-2007), која својата оставина, преку истоимената фондација, ја посветила на слободата на пишаниот збор, издаваштвото и читањето ширум светот. 

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска