Шест изведувачи за денеска во рамки на програмата „Култура во време на Корона“

Од:

После вчерашните концерти на отворено во Топанско Поле на Артан Кастрати и групите Funk Shui и Musaiq кај Млечен, денеска ќе настапат шест изведувачи како дел од програмата „Култура во време на Корона“ што ја спроведува Град Скопје за подрршка на културните работници.

„Со почеток во 11.30 часот, на фејсбук страницата на Град Скопје ќе може да го проследите видео перформансот на Гоце Илиевски, а половина час потоа, од 12.00 часот па до 14.00 часот следат пијано изведбите на Арда Мустафаоглу, Емилија Потевска Попивода и Дуња Иванова во паркот Шопен во Кисела Вода. Во 14.00 часот ќе настапи Силви Бенд со своите познати хитови. За вечерните часови, следат маалските концери на групата Pluto’s Doubts во 18.00 часот и групата South Park во 20.00 часот во населбата Аеродром кај Стела“, информираат од Град Скопје.

Сите настапи ќе бидат пренесувани во живо на

– фејсбук страницата на Град Скопје https://www.facebook.com/CityofSkopje/?ref=br_rs

– Youtube каналот на Град Скопје https://www.youtube.com/channel/UChnvnL2Inms7iLk6uzQFyTw

Покрај музичките настапи, во програмата „Култура во време на Корона“ за наредниот период планирани се изложби, видеоарт презентации, настапи на диџеи и состави на класична музика, како и театарски изведби.

„Град Скопје, заедно со градските културни институции објави Јавен повик за финансирање проекти како дел од кризните мерки „Култура во време на корона“. Идејата на повикот е пред сè да се поддржат невработените уметници, односно оние уметници кои што ги загубиле своите редовни приходи во овој период, но и да се доближи културата до сечиј дом. Заинтересираните уметници може да се пријавуваат на https://mkc.mk/vesti/grsk_povik1/. Со овој повик ќе се поддржат маалски изведби во времетраење до два часа, техничката опрема ќе биде обезбедена од културните установи на Град Скопје, како и виртуелни изложби, претстави, перформанси, концерти, работилници за деца…, во времетраење до два часа“, велат од Град Скопје .

Сите учесници, додаат оттаму, ќе добиваат еднаков солидарен хонорар во нето износ од 14.500 денари. Повикот ќе трае до завршувањето на вонредната ситуација.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Скопје беше прва локална самоуправа во Европа со проект „Култура во време на корона“

Жарко Настоски

Репризи од „Култура во време на корона“ за време на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска

ЈУ Универзална сала и Skopje Light Art District со видео проекција за благодарност до сите што се борат против коронавирусот

Ана Ололовска

Вечер концерти на две музички групи во рамки на Програмата „Култура во време на корона“

Ана Ололовска

Во рамки на програмата „Култура во време на корона“, вечер две нови изведби

Ана Ололовска

„Љубојна“ вечер ќе пее во Буњаковец, „Бонифејс“ во Чаир

Ана Ололовска