Шербеџија го почнува снимањето на „Ослободување на Скопје“

Од:

Во Велес денеска ќе почне снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ по сценарио и режија на познатиот актер Раде Шербеџија, кој пред триесетина години играше и во истоимената претстава според драмата на Душан Јовановиќ.

Според Шербеџија, „Ослободување на Скопје“ е една од најубаво напишаните драми во поранешна Југославија, со која имале голем успех во сите поранешни републики и долго сонувал од неа да направи филм.

– Цело време додека живеев во Америка размислував како да направм филм од таа прекрасна претстава, која имаше толкав голем успех во светот. Тоа е неверојатна приказна за Македонија, за тој посебен менталитет, музика, за посебни карактери, драматична приказна за војната и една невозможна љубов, човечка привлечност, меѓу Македонка и германски офицер. Тоа е она што го препознаваат луѓето, рече Шербеџија на прес-конференција пред два дена во Скопје.

Сценариото го напишал пред седум години, а идејата почнала да се реализира пред две, кога добил финансии од Агенцијата за филм на РМ и поддршка и од македонското Министерство за култура.

Шербеџија и ќе игра во филмот (Ѓорѓија), заедно со Силвија Стојановска (Ленче), нивна повторно соработка од 1993 кога заедно играа во „Пред дождот“ на Милчо Манчевски. Главниот лик (Зоран) ќе го игра 10-годишниот Давид Тодосовски. Во екипата се и ќерката и синот на Шербеџија – Луција и Данило – таа во улога на Лица, тој како копродуцент. Најголем број од актерите се македонски, а играат и актери од Хрватска, Финска, Србија и Бугарија.

Директор на фотографија е Дејан Димески, дизајнер на продукција Иван Бартлиг, костимограф Жељка Франуловиќ, а музиката е на Влатко Стефановски.

Продукцијата „Партизанс“ соопшти дека во Велес и околината ќе снимаат една недела, четири недели во Битола, а снимањето според планот да заврши на 19 декември во Скопје.

За овој филм Македонија првпат влегува во копродукција со Финска (контакт остварен преку хрватскиот продуцент Игор Нола), и добил средства од Националната телевизија на Финска и Финскиот филмски фонд.

Вкупниот буџет е 2.110.000 евра, од кои 1.250.000 се од Агенцијата за филм на РМ, а 315.000 евра добил од најголемот европски фонд за копродукции Еуримаж кој, како што рече Шербеџија, највисоко го оценил сценариото од сите други на конкурсот. Во буџетот учествува и Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он