„Шеќерното дете“, прв македонски филм поддржан од МЕДИА

Од:

Играно-анимираниот долгометражен филм наменет за деца Шеќерното дете“ доби поддршка за развој од потпрограмата на Кретивна Европа – МЕДИА, специјализирана за развој, дистрибуција и помоција на филмот и аудиовизуелната дејност во Европа.

Како што информира Скопје Филм Студио, филмот е оценет како – „Универзална, безвременска приказна за деца, со оригинална и привлечна премиса и силен драматуршки потенцијал“. „Шеќерното дете“ се најде меѓу 56-те селектирани од 356 прифатени пријави во ноемврискиот рок минатата година, кога македонските продукциски куќи првпат имаа можност да аплицираат.

„Шеќерното дете“ е во продукција на Скопје Филм Студио. Сценариото е напишано по мотиви од новелата „Шеќерната приказна“ од Славко Јаневски. Режисер на филмот е Игор Иванов, а продуцент е Томи Салковски.

Проектот беше промовиран на повеќе значајни филмски маркети и фестивали како Riga Meetings (Рига, Литванија), Cаnnes Film Festival (Кан, Франција), ЕAVE (Скопје, Македонија), Euro Mediterranean Coproduction Forum (Лече, Италија), Cinekid (Амстердам, Холандија), CoCo East West Co-production Market  (Котбус, Германија) и Berlinalе (Берлин, Германија).

Покрај МЕДИА, „Шеќерното дете“ е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од SEE Cinema Network која одобри поддршка за развој на проектот. Филмот е копродукција меѓу Македонија и неколку европски држави. Снимањето е планирано за на пролет, 2017 година.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против галаксијата“ во петок доаѓа во киносалите

„Јон Вардар против галаксијата” викендов беше премиерно прикажан во Шпанија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм ќе има светска премиера на еден од најголемите фестивали за фантастика во светот

„Македонски анимиран филм 1971-1991“ – проект на ДФРМ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Ана Ололовска

Македонскиот студент Виктор Ивановски дел од тимот кој ја освои престижната „ANNIE“ награда за анимиран филм во Лос Анџелес

Ана Ололовска