Серија предавања на Јордан Плевнеш на Сорбона

Од:

Македонскиот писател и ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш одржа пристапна беседа „Драматургијата и глобалниот политички терор: Земи или остави“, на универзитетот „Пантеон Асас“, на париската Сорбона, по повод изборот за редовен член на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Темата во шест академски циклуси, како што се наведува во соопштението, Плевнеш ќе ја презентира пред магистрантите и докторандите во периодот меѓу 18 и 30 април, како своевидна хронологија на односот помеѓу драмското писмо и политичката историја од античката трагедија до денес.

На 26 април, во рамките на фестивалот Еуропдрам, во Куќата на Европа и Ориентот ќе биде преставена сценската изведба на француската верзија на драмата на Плевнеш „Кирил и Методиј“, која со плејада на париски актери ќе ја престави на публиката францускиот режисер Патрик Вершурен.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел