„Сеќавања и желби“ од Лиса Апињанези објавена на македонски

Од:

Романот „Сеќавања и желби“ од британската писателка Лиса Апињанези, извонредно испреплетена сага од страст и скршени срца, го објави издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, во превод на македонски на Калина Јанева.

Книгата, како што наведува издавачот, ги истражува длабочините на еротската психа и раскажува за една прекрасна жена, за нејзиниот живот од испреплетени вистини и лаги и за скандалозните постапки што ќе остават последици врз повеќе генерации на два континента.

– Ликовите од високите и интелектуални сталежи, драматичниот и страстен набој, како и многубројните уметнички, книжевни и историски референции го прават ова дело совршено четиво за обожавателите на љубовни романи, се посочува за ромамот.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Лиса Апињанези (родена 1946) е британска писателка и борец за слобода на говорот. По потекло е од Полска. Израснала во Франција и во Канада. Докторирала компаративна книжевност во Обединетото Кралство. Авторка е на голем број романи и стручни книги и текстови. Претседавач е на Кралското книжевно друштво и поранешна претседателка на англискиот ПЕН. Во 1987 година го одбива францускиот орден „Витез од редот на уметностите и книжевноста“. Во 2013 година го добива Орденот на Британската Империја.

Би можело да ве интересира

ДПМ во понеделник ќе ги додели традиционалните годишни награди

Михајло Свидераки добитник на наградата за проза за романот„Синовите на Адам“

Рациново признание за Фросина Пармаковска

Објавен романот за деца „Добар ден, тато“ на хрватскиот писател Стјепан Томаш

Нов роман на Фросина Пармаковска

Објавен на македонски романот „Би можела да се вика Леда“ од хрватскиот автор Марко Грегур