Седум македонски поети застапени во бугарскиот „Литературен весник“

Од:

Биографиите и фрагменти од опусите на Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Калина Малеска, Румена Бужаровска, Ненад Јолдески и Фросина Стојковска се објавени во неделното списание за литература „Литературен весник“ што излегува во Бугарија.

Под насловот „Новата македонска литература“, седумте претставници на македонската книжевност се застапени во поширок прилог на четири страници. Преводите од македонски на бугарски јазик се дело на познатите поети и преведувачи Роман Кисјов и Тања Попова. Автор на блокот за македонската книжевност е бугарската поетеса и новинар Силвија Чолева, воедно и уредник на овој број на литературното списание.

Прилогот во „Литературен весник“ е резултат на претставувањето на новата македонска книжевност, во соработка на Асоцијацијата за уметност „Поетики“, Колекцијата за поезија, фикција и есеј на Меѓународниот ПЕН „Разноликост“ и Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.

„Литературен весник“ го уредуваат плејада познати бугарски писатели и досега има објавувани повеќе значајни прилози за значајни македонски книжевници.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска