Седум години по објавувањето, се поголем интересот за збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, објавена на германски јазик со што ова дело стануава достапно за читателите во Германија, Австрија и Швајцарија, а наскоро се очекува и фрнацуски превод во издание на Галимар, издавач со богата и долга традиција.
-„Мојот маж“е објавена и во САД, Велика Британија, Ирска, Италија, Унгарија како и во сите земји од поранешна Југославија каде што Бужаровска се доживува како една од најголемите регионални ѕвезди во книжевноста. Во Македонија оваа збирка има шест изданија, а неодамна Или-Или го објави и првиот превод на албански јазик, стои во соопштението од издавачката куќа Или-Или.
Според мотивите од овие раскази поставени се и истоимените претстави на сцената на Драмски театар од Скопје во режија на Нела Витошевиќ, на сцената на Словенско младинско гледалишче од Љубљана во режија на Ивана Ѓилас, а за 30 март е закажана премиерата во Југословенско народно позориште од Белград во режија на Јована Томиќ.