Се реконструира црквата „Свети Димитрија” во Кавадарци

Од:

Мајстори и уметници интензивно работат на реконструкцијата и на фрескоживописот на храмот посветен на великомаченик Свети Димитриј во Кавадарци.

Надворешните ѕидови на храмот целосно се ѕидаат со камен, а во внатрешноста веќе се завршени повеќе композиции од фрескоживописот.

– Сите се радуваме како напредува реконструкцијата на црквата, со помош на нашиот заштитник Свети Димитриј. Мајсторите самите се вживуваат во изградбата на овој прекрасен храм. Уметниците интензивно сликаат. Се надеваме до година изградбата да биде завршена и да ја осветиме, рече старешината на црквата, отец Мартин Деневски.

Сите кои сакаат, можат да се вклучат во реновирањето на храмот со свои донации.

И покрај реновирањето, верниците можат да ја посетат црквата секој ден и за празници.

Би можело да ве интересира

Се реконструира главниот конак на „Св Пантелејмон“, ќе се аплицира за листата на УНЕСКО

Ана Ололовска

Конзерваторско – реставраторски работи на архитектурата на црквата Св.Ѓорги во Курбиново

Ана Ололовска

Изложба „1000 години Бигорски Манастир“

Ана Ололовска

Водичот „Византиското наследство на Скопје“ на англиски јазик

Ана Ололовска

Почна постапката за конзервација на црквата „Свети Власие“ на штипската тврдина Исар

Ана Ололовска

Предавање за византиската икона низ делата на руските зографи

Ана Ололовска