Се отвора меморијален музеј на илегалната работилница за изработка на оружје во Скопје од НОВ (1941-1944)

Од:

Градоначалникот Петре Шилегов, утре ќе ја отвори постојаната поставка „Хероите на градот на Вардар“, во Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944), сместен на левиот брег на реката Вардар, на кеј „Димитар Влахов“, зад Археолошкиот музеј на Македонија.

Новата изменета и надополнета поставка, чиј автор е Зоја Богдановска, виш кустос историчар, сместена е во целосно санираниот простор на тајната работилница, зачуван во својот автентичен изглед, којашто во 1981 година била пренаменета во музеј.

Со поставувањето на деведесетина зачувани музејски експонати се будат сеќавањата за илегалната работилница што се користела за изработка на оружје за партизанските одреди, но и други експонати коишто се поврзани со времето на Втората светска војна.

Со повторното отворање на Меморијалниот музеј на илегалните работилници, Музејот на град Скопје го добива својот втор депанданс во стариот дел на градот, кој е единствен од ваков вид во Р. Македонија, и ја збогатува со уште една значајна содржина културната понуда на град Скопје.

Би можело да ве интересира

39-годишен скопјанец е пронајден мртов во неговиот дом

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра