Сатиричниот роман „Теодосиј Малиот“ на Разван Радулеску објавен на македонски

Од:

Издавачката куќа „Бата прес“ објави превод на романот „Теодосиј Малиот“ од познатиот романски писател и сценарист Разван Радулеску, кој за ова обемно сатирично дело ја доби престижната Европската награда за литература. Од романски на македонски јазик го преведе Димо Н. Димчев (Дина Кувата), а неговото објавување во рамките на проектот „Креативна Европа“ е поддржано од Европската унија и Министерството за култура.

-Тотална сатира. Ликовите се како во научно-фантастичните филмови. Има големи случувања ‒ предавства, шпионирање, војна, револуција, љубов ‒ и сето тоа меѓу ситни суштества… мравки, риби, мачкокуче, змеј. Така е најдобро и да се чита и разбере. Како филмска сторија – е дел од коментарите во романските книжевни списанија.

Авторот Разван Радулеску (1969) е еден од најценетите и најпопуларни романски писатели и сценаристи од средната генерација, кој многу придонел за развојот на постреволуционерната романска кинематографија.

-Објавил два извонредно прифатени романи: „Животот и делото на Елија Казан“ (во 1997 година ја доби наградата на Друштвото на романските писатели за најдобар дебитантски роман), а „Теодосиј Малиот“ ја доби наградата на Европската унија за книжевност во 2010 година, соопшти „Бата прес“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска